Лекови се продаваат на бензинските пумпи

04.05.2014 16:46

Само супермаркетите се интересираат за продажба на лекови без рецепта, ниту една компанија која тргува со горива не поднела барање до министерството за здравство.

Ова го објаснуваат со тоа што граѓаните се навикнати да купуваат во аптека.

„Сеуште мал број граѓани побарале лекови, само информативно прашале. Затоа што можеби сеуште не се запознаети луѓето, незнаат дека може да се купи лек без рецепта на бензиска пумпа. Побарале во текот на денот, но и ние како компанија немаме поднесено барање за продажба на лекови без рецепта“, вели Бобан Симеонов-вработен на бензиска пумпа

Дел од граѓаните иако знаат дека лек без рецепта може да се купи на бензиска пумпа, никогаш не го сториле тоа.

„Досега немам купено,знам дека и на бензиски станици дека се продаваат...

рекоа дека се продаваат, ама незнам, не сум купила, мислам дека не им е местото таму...Не сум запознаена дека тоа и во пракса го реализирале... Најчесто купувам од аптека...Запознаен сум ама не сум купил никогаш, не сум имал потреба..“ - деп од изјавите на граѓаните

Таблети против главоболка, зголемена температура, сирупи на природна база, витамини, капки, масти за локална употреба се на листата кои од февруари можат да се продаваат по маркетите или бензиските пумпи.

Два супермаркети во Скопје и еден во Куманово имаат дозвола за продажба на лекови без рецепта, во процедура е издавањето одобрение за уште два супермаркети, велат од бирото за лекови.    

Овој концепт треба да овозможи поголема достапност на отц препаратите, особено во места каде што нема или каде што аптеката е одалечена. Но, и да ја намали цената поради зголемената конкуренција.

 

Андријана Атанасовска