Граѓански суд-Скопје

Рочиште за тужбата на „Слобода превоз“ против ЈСП

09.02.2023 10:20

Во скопскиот Граѓански суд, подготвително рочиште по тужбата на „Слобода превоз“ против Град Скопје и ЈСП. Бараат исплата на како што велат приватните превозници, на заостанат долг од околу милион и пол илјади евра...

Во скопскиот Граѓански суд, подготвително рочиште по тужбата на „Слобода превоз“ против Град Скопје и ЈСП. Бараат исплата на како што велат приватните превозници, на заостанат долг од околу милион и пол илјади евра.

Договорот со Здружението на приватните превозници градските власти го раскинаа пред повеќе од два месеци, поради како што беше соопштено, неисполнување на обврските од договорот.

Претходно превозниците протестираа, блокирајќи ги главните крстосници во Скопје. На јавните повици што ги објави Град Скопје, не се пријави никој. Во понеделникот новото координативно тело на средбата со Арсовска имаа средба, од која се најави можен договор. Тие сега тврдат дека Град Скопје нема долг кон нив, туку ЈСП.