Судство

Судењето за случајот „Ласкарци“ повторно се одложи

09.02.2023 10:49

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи...

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи. Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судскиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде.

Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сè уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16-ти февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд.