202 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.
