МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице

09.02.2023 12:06

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Скопје...

Вчера во 20.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени метадон и таблети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.