Македонија

Испратен дополнителен тим за вклучување во хуманитарната операција во Турција

09.02.2023 12:47

Дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили, обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Турција каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси...

Дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили, обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Турција каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

-Армискиот тим се упатува по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана. Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси, соопшти Министерството за одбрана.