Граѓаните на Доњецк поставуваат барикади
Мирна ноќ во Доњецк по вчерашните крвави судири меѓу украинските сили и проруските активисти. Медиумите тоа го објаснуваат како подготовка за нов напад на украинската војска.

Според информациите, луѓето прават барикади и се подготвуваат за т.н. „решавачка фаза“ на операцијата. Украинската војска не овозможила цивилите да го напуштат градот, а не е прогласена ниту евакуација.
„Зошто да чекам да дојдат во мојата куќа? Повеќе сакам да стојам овде со моите сограѓани и да го бранам мојот град. Стојам овде на сопствената земја и го бранам мојот дом, мојата мајка, моето семејство, моите пријатели“, вели граѓанин
„Стоиме овде и немаме никаква намера да се предадеме“, изјава на госпоѓа
Украинскиот премиер Јацењук за насилствата во Одеса во кои животот го загубија повеќе од 40 лица ја обвини Москва. Тој рече дека тоа било дел од планот на Русија да ја уништи Украина. Поголемиот дел од жртвите загинаа во пожарот во зградата на синдикатите каде што се засолниле дел од луѓето. Знамињата во Киев беа спуштени на половина копје во знак на сеќавање на жртвите во Одеса.
„Десетици луѓе го загубија животот во оваа добро подготвена акција во Одеса, којашто беше насочена против народот и против Украина“, вели Арсениј Јацењук, премиер на Украина
Поголемиот дел од жртвите загинаа во пожарот во зградата на синдикатите каде што се засолниле дел од луѓето. Знамињата во Киев беа спуштени на половина копје во знак на сеќавање на жртвите во Одеса. Според последните информации, десетина руски авиони меѓу кои и ловци и бомбардери биле забележани на небото над Крим, во пресрет на посетата на рускиот претседател. Веста ја потврдило и населението во Симферопол. Украинскиот министер за внатрешни работи Аваков изјави дека воената акција на истокот на земјата продолжува и дека украинската војска нема намера да запре.
