Македонија

Промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на Свето Стаменов

09.02.2023 14:02

Промовирано е ново дополнето издание на книгата „Крсте Петков Мисирков“ на Свето Стаменов. Критичарите велат-јасен и недвосмислен македонски одговор на најновата антимакедонска кампања што во последниве години ја спроведуваат бугарските официјални власти и академски кругови, а со која се негира и посебноста на македонската нација, нејзиниот национален идентитет и историја...

Промовирана е книгата „Крсте Петков Мисирков-македонскиот меѓник“ од авторот Стаменов. Второто издание е посветено на 95-годишнината од смртта на основоположникот на македонскиот јазик Мисирков. Како кодификатор на литературниот јазик и правопис, но и на автохтоноста на македонската национална свест, револуционер и бескомпромисен борец. Авторот Стаменов им се заблагодари на промоторите на книгата.

Мисирков е златното име на македонската историја, рече професор Спасов. Во својата книга „За македонцките работи“ тој вели- отсега натаму за мене, македонскиот литературен јазик ќе биде јазикот на оваа книга. Со својот правопис и со сите карактеристики.

И ова второ и дополнето издание на „Мисирков“ од Стаменов несомнено се смета за недвосмислен одговор на антимакедонската кампања што во последниве години континуирано ја спроведуваат бугарските власти, со која се негираат македонската нација, националниот идентитет, историјата и стандардниот јазик, посочија промоторите на делото.

 

 

 

Александра Спировска