Македонија
И денеска дојави за бомби во основни и средни училишта
09.02.2023 14:27
Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје. Учениците се евакуирани, во тек се антитерористички проверки...

Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје. Учениците се евакуирани, во тек се антитерористички проверки.
Трет ден во оваа седмица наставата е прекината поради пристигнати закани на електронските адреси на училиштата за поставени експлозивни направи.
Дојави за бомби на неколку локации имаше и во текот на вчерашниот ден за кои МВР, по извршените проверки, соопшти дека се лажни. Пријави за лажни бомби во вторникот имаше во 38 основни и девет средни училишта.
