Бугарија- Македонија

Радев бара ЕУ - мониторинг за „македонските Бугари“

09.02.2023 15:19

Бугарскиот претседател Радев од Европската унија бара да воведе мониторинг, за како што вели, за да се почитуваат правата на „македонските Бугари“. Смета дека македонските власти немаат соодветен одговор на говорот на омраза. Правата на сите заедници или групи во државава се на многу повисоко ниво од многу земји-членки на ЕУ, вели Ковачевски. Премиерот категоричен-ние за влез во ЕУ не преговараме со Бугарија, вето нема да има...

Бугарскиот претседател Радев од Европската Унија бара да воведе мониторинг, за како што вели, да се почитуваат правата на македонските Бугари. Тврди дека во Македонија се води антибугарската кампања, која води кон злосторства од омраза, палење и пукање во бугарски клубови и физичко насилство. Радев очекува дефинитивна и институционална реакција од македонските власти и итни активности за откривање на сторителите.

„За жал, во моментов не гледам политичка волја и постои исклучување меѓу политичките амбиции и заложби преземени од Северна Македонија и реалноста во која живеат македонските Бугари. Негирањето постоење на овие проблеми само го одложува решението, води до повеќе злосторства и чувство на неказнивост, што само поттикнува злосторства од омраза“, истакна Румен Радев, претседател на Бугарија.

Барањето не е никаков проблем, бидејќи правата на сите заедници или групи се на многу повисоко ниво во многу земји-членки на ЕУ, одговори Ковачевски. Премиерот категоричен-ние за влез во ЕУ не преговараме со Бугарија, туку со Унијата, додавајќи дека вето, нема да има.

Премиерот Ковачевски имаше состанок со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и со амбасадори на земји-членки на Европската Унија, во државава. Пренесена е пораката дека европската перспектива на Македонија е реалност и дека државата може да смета на европските партнери и во поддршката за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес. На состанокот бил потенциран позитивниот тек на скрининг-процесот, со очекување дека фокусот при вреднувањето останува на примената на европските стандарди и вредности.

 

Милчо Велески