Македонија

Штрајкува администрацијата на МАНУ

09.02.2023 16:25

Штрајк на администрацијата во МАНУ. Нема одговор од надлежните за барањата на вработените …

Администрацијата во МАНУ во штрајк, бараат повисоки плати. Велат дека се доведени во неповолна и недостоинствена положба, бидејќи месечните примања не им се зголемени 15 години, а кадарот се намалува.

Упатиле барање до претседателството на институцијата, но нема позитивен одговор.

Од Синдикатот велат дека неколкупати се обиделе да најдат решение, но надлежните институции немале слух за нивниот проблем, причина овие вработени во Секретаријатот и стручните служби револтот да го искажат со протест до исполнување на барањата.

Александра Максимовска