Пред Владата, минута молк за починатиот Благојче
Соборците на Благојче, починат од цистична фиброза, положија венец пред Владата. „Невозможна е бирократијата, ќе побарам одговорност од министерот Сали, нема веќе никој да умре од оваа болест“-тврди Ковачевски…

По смртта на Благојче Илиевски, надлежните престанаа да ја префрлаат одговорноста, најдоа решение за пациентите со цистична фиброза. За најкритичните пациент се обезбедени 2,2 милиони евра, и се предвидени законски измени и системско решение за терапијата на пациентите.
Со едноминутно молчење пред Влада, беше оддадена почит на починатиот битолчанец, кој беше еден од пациентите кои се во критична состојба.
Надлежните ќе бараат одговорност, најави премиерот.
По првиот протест на пациентите со цистична фиброза, надлежните им одговорија дека ќе бараат решение поради цената на лекот. Во саботата, беше организиран вториот протест бидејќи надлежните на пациентите тогаш не понудија конкретно решение.
Наташа Јанчиќ Менковски
