Македонија

И денешните дојави за бомби се лажни, потврди МВР

09.02.2023 17:04

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки...

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информираат од МВР.

„Во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштуваат од Министерството.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.