Турција

Скопските пожарникари на терен во Газиантеп

09.02.2023 17:28

Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоени се шест милиони денари...

Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.

Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија, соопштија од градот.

Велат дека остануваат во комуникација со локалните власти од Турција.

*Фото: Град Скопје