Свет

Црниот биланс расте, речиси 20 илјади загинати од земјотресите во Турција и Сирија

09.02.2023 18:11

Високиот функционер на ОН, Мартин Грифит ќе ги посети Газиантеп во Турција и Алепо и Дамаск во Сирија овој викенд за да ги процени потребите на луѓето таму и да види како Обединетите нации можат најдобро да помогнат

Бројот на загинати во разорните земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Турција се искачи на 16.546, изјави попладнево турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Се зголемува и бројот на жртвите во Сирија. Во делот од земјата што е под контрола на владините сили загинале 1.347 лица, додека на северозападот на земјата, кој е под контрола на опозицијата, животот го загубиле 1.930 лица.

Високиот функционер на ОН, Мартин Грифит ќе ги посети Газиантеп во Турција и Алепо и Дамаск во Сирија овој викенд за да ги процени потребите на луѓето таму и да види како Обединетите нации можат најдобро да помогнат

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш посочи дека е неопходно да се испрати поголема помош на северозападот на Сирија, кој е под контрола на опозицијата.