Македонските војници помогнаа во извлекување на 5- годишно дете од урнатините во Кахраманмараш
Армискиот тим во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините...
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.
Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини по што по 6 часовно расчистување на рушевините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат пет годишниот Сулејман од рушевините, соопштуваат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.
