Роналдо постигна четири гола во триумфот на Ал- Наср над Ал-Вахда
09.02.2023 21:15
Кристијано Роналдо ги постигна сите четири гола на натпреварот. Погоди во 21, 40, 51 (пенал) и 61 минута.

Ал-Наср вечерва на гостински терен го совлада тимот на Ал-Вахда во натпреварот од 16 коло на шампионатот на Саудиска Арабија со резултат 4:0.
Кристијано Роналдо ги постигна сите четири гола на натпреварот. Погоди во 21, 40, 51 (пенал) и 61 минута.
Ал-Наср се искачи на првото место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 37 бодови.
Ал-Вахда е на 13 pозиција со 15 бода.
