Временска прогноза

Студено утро, преку денот сончево

10.02.2023 08:20

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени...

Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.