Заев да си поднесе оставка - побара одборот за поддршка на Бранко Црвенковски

04.05.2014 19:14

„Aктуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев да си поднесе оставка“, побара одборот за поддршка на Бранко Црвенковски преку отворено писмо.

„Поднесувањето на оставката ќе значи најпаметното и најдоброто нешто што сте го направиле за партијата, откако сте дојдени на чело на СДСМ“, пишува во писмото на кое е потпишан претседателот на Иницијативниот одбор, Наум Буревски.

Во текстот се наведува дека Одборот верува дека Заев ќе поднесе оставка заедно со целокупното раководство за доброто на СДСМ и за доброто на сите лојални членови. Одборот очекува Заев да ја поднесе оставката на Конгресот закажан за 11 мај.
Од СДСМ велат дека ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија.

„Социјалдемократскиот сојуз ќе утврди кое е најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата на Конгресот кој ќе се одржии на 11. Мај“, соопштуваат од СДСМ.