209 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
