САД
Функционер на Стејт департментот: Кинескиот балон бил опремен со антени за собирање информации
10.02.2023 12:28
Висок функционер на Стејт департментот изјави дека кинескиот, наводно, шпионски балон, соборен од американската војска над Атлантикот на 4-ти февруари, можел да собира комуникациските сигнали...

Висок функционер на Стејт департментот изјави дека кинескиот, наводно, шпионски балон, соборен од американската војска над Атлантикот на 4-ти февруари, можел да собира комуникациски сигнали. Според него, балонот имал неколку антени кои можат да се користат за собирање информации.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес едногласно го осуди летот на кинески балон над воздушниот простор на САД минатата недела како дрско кршење на суверенитетот на Соединетите Американски Држави.
