Молдавија

Молдавската премиерка објави оставка на Владата

10.02.2023 14:24

Падна владата на Молдавија, премиерката Наталија Гаврилита поднесе оставка. Таа ја презеде функцијата во август 2021 година...

Падна владата на Молдавија, премиерката Наталија Гаврилита поднесе оставка. Таа ја презеде функцијата во август 2021 година, со мандат да ја расчисти корупцијата и беше на власт 18 месеци, во време на економски превирања, недостиг од електрична енергија, протести и ефекти од руската војна на соседна Украина.

Поранешната советска република, земја со 2,5 милиони жители, страдаше од зголемената инфлација и приливот на украински бегалци.