Хуманитарна помош

Во Прилеп отворен пункт за донации за настраданите во Турција и Сирија

10.02.2023 14:40

Од денеска па во наредните денови ќе биде отворен пунктот во центарот на Прилеп за донирање за настраданите во Турција и Сирија. Граѓаните сочувствуваат и повикуваат на хуманост, а Општината ќе одреди од 450.000 до 500.000 денари. Има и подготвено екипа пожарникари да се упати во настраданите подрачја...

Хуманост и сочувство изразуваат прилепчани на пунктот во центарот на градот. Се даруваат облека, постелнина, па и храна, да им се помогне на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Болката не се лекува, велат, ама подадената рака може да понуди утеха и да загрее.

Донираното внимателно ќе се складира и во прва пригода ќе се транспортира. Со помош тргна и бизнис секторот. Подготвена е опремена екипа од четворица пожарникари со возило и ги чекаат насоките од Дирекцијата за спасување. На вонредна седница на Советот градот ќе даде 450.000 до 500.000 денари помош.

Пунктот за донирање ќе биде отворен секојдневно сè додека хуманоста е на дело.

 

 

Елизабета Митреска