Тетово

Mакедонските ученици престојувале во хотел што го издржал земјотресот, родителите сведочат за МТВ

10.02.2023 15:13

Македонските ученици престојувале во хотел кој го издржал земјотресот, останатите објекти кои биле во непосредна близина и на истата улица каде бил лоциран хотелот се во рушевини, вели таткото на Шабан Сефери, еден од осумте ученици кои го преживеаја катастрофалниот земјотрес во Турција. Искажа голема благодарност до македонската амбасада во Анкара, која на професионален начин го организирала транспортот на децата до дома...

Голема среќа за македонските ученици кои го преживеаја катастрофалниот земјотрес во Турција.

Џевад Сефери од Велебрдо, општина Маврово – Ростуше, чиј син бил заедно со групата ученици заминати за Кахраманмараш, вели дека хотелот каде биле сместени децата не се урнал, за разлика од останатите објекти во близина кои се во рушевини.

Македонски ученици биле сместени во центарот на градот, преку „Еразмус“, програма за размена на ученици, а биле дел од проект за селски туризам, дека се живи и здрави дознале дури 8 часа подоцна, откако се случила катастрофата.

Голем број од телефонските линии биле во прекин, беа моменти на стрес и паника, но на крај ги слушнавме позитивните вести, вели Џевад.

Тој изјави дека со неговиот син воопшто не зборува за моментите на катастрофата, оти уште е под голем стрес како и останатите ученици, кои вчера се вратија дома живи и здрави.

 

Зоран Димовски