Ракомет

Браво Вардарки!

04.05.2014 20:33

Па може ли подобро деби. Некој ќе каже да, со трон, но премногу нескромно би звучело, а не дека и тоа беше далеку.

Нема пехар има трето место во сефтето за ЖРК Вардар СЦБТ во континенталната ракометна Лига на Шампионките. Нова финална формација запиша ЕХФ, но и ново име како за сериозност европската куќа евидентира, Вардар СЦБТ.

Митјиланд беше единствената екипа од која вардарки на шампионскиот пат доживеаа пораз. Вистинско место и време за реванш, одговор се даде и дека таа негатива била случајна, а домашната позитива ни малку нереална.

Постојано го имаа водството и контролата на играта црвено-црните во арената Ласло Пап во Будимпешта, за конечниот исход резултатски воопшто не се доведе во прашање до крајните 34:31(14:12). Најефикасни во нашиот тим, Николиќ и Радичевиќ со 6 гола, 5 запиша Лекиќ, 4 Хмирова, на три запра Дембеле. По два прецизни шута имаа Пино, Ѓокиќ, Зебиќ, Фернандез, Кликовац. Денеска Суслина одлична на голот со 12 одбрани.

Професионалките вардарови загризаа во овој дуел, давајќи јасно и гласно до знаење, дека ни од далеку не е почетничка среќа местото меѓу евро 4-ката во клубска Европа. Токму тој дебитатски грч можеби не чинеше вчера со Будуќност, но има години пред нив и пред нас како народ, ќе навиваме и ќе тагуваме заедно со нашите црвено-црни девојки.