Регион

Уште петмина познати Бугари на црната листа на САД

10.02.2023 19:16

Американскиот Стејт департмент во борба против корупцијата во Бугарија. На црната листа на САД се најдоа петмина бугарски државјани...

САД во координација со Обединетото Кралство ставија уште петмина познати Бугари на црната листа поради корупција.

Меѓу санкционираниете според законот „Магнитски“ по кој се гонат сите корумпирани политичари и олигарси во светот, е и министер за финансии во владата на ГЕРБ и лице обвинето за шпионажа во корист на Русите, воедно и лидер на движењето „Русофили“.

Ова е втор потег на Вашингтон против бугарски јавни личности поврзани со голема корупција. Во јуни 2021-ва, САД санкционираа познати политички и бизнис фигури.

Од кабинетот на претседателот Румен Радев велат дека ја ценат поддршката на бугарските стратешки партнери.