Европа

Нов скандал во Брисел, уште еден европратеник уапсен за корупција

10.02.2023 19:31

Белгискиот пратеник Марк Тарабела се верува дека е близок соработник на Пјер Панцери кој се сомничи за водач на корупциската мрежа.

Уште еден член на Европскиот парламент е уапсен по полициска истрага за мито, корупција и перење пари. Белгискиот пратеник Марк Тарабела се верува дека е близок соработник на Пјер Панцери кој се сомничи за водач на корупциската мрежа.

Панцери неодамна постигна договор со обвинителите во замена за информации. Тарабела е вториот пратеник во Европскиот парламент кој е приведен во врска со истрагата за тргувањето со влијание со Катар и Мароко.

Во декември беше уапсена поранешната потпретседателка на парламентот, Ева Каили, а полицијата заплени 1,5 милиони евра во кеш.