Исто како лани...
Доминантна партија покажаа и против Будуќност 27:21(10:15), во своето 4 шампионско финале...

Моќно делуваа и вчера, а некако таков впечаток оставија и денеска ракометарките на Ѓер, во последниот натпревар во ракометната Лига на шампионките. Угарките заслужено остануваат владетелки во женскиот клупски континентален ракомет. Доминантна партија покажаа и против Будуќност 27:21(10:15), во своето 4 шампионско финале во низ, до вториот трофеј во низ. Се запишуваат во новиот систем како први фајнл-фор победнички, во својата држава, но не во својот Ѓер, ами во метрополата, Будимпешта. Во шампионскиот тим најпрецизна на крајот од дуелот, Горбич со 7 гола, најефикасната и кај вторите во клубска Европа, Будуќност, Неагу со постигнати ист број погодоци, 7.
За најкорисен играч на завршницата, е голманката на Ѓер, Катрин Лунде. На листата на стрелците за целиот тек на шампионската клубска континентална авантура, останува и тука исто како лани. Анита Горбич исто така од најдобриот тим во Европа Ѓер, со 86 пати прецизно упатени удари кон противничките голови во трите последни сезони втор пат завршува со ”Златната топка“. Она што пак, ја надополнува нашата гордост е второто место на оваа листа на која се искачи вардарката Андреја Лекиќ со 79 неодбранливи шута. Катарина Булатовиќ уште една од шампионската екипа во тројката најефикасни со 72 гола, благодарение на пласманот во елитната завршница, зошто само за гол ја мина Мерк од Ларвик. Петорката ја заокружува Оден од Савехоф со 69-те погодоци.
