Турција-Сирија

Се зголемува бројот на настрадани од земјотресите

11.02.2023 09:41

Над 24 илјади загинати, повеќе од десетина илјади повредени во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Спасувачките екипи остануваат на терен во потрага по преживеани...

Над 24 илјади загинати, повеќе од десетина илјади повредени во разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Спасувачките екипи остануваат на терен во потрага по преживеани.

Уништени се над 12 илјади објекти. Серијата последователни потреси продолжува. По првичниот биле регистрирани 1891.

За претседателот на Турција Ердоган, ова е катастрофа на векот. Уште подраматично во северозападна Сирија. Поради санкциите и отежнатата достава на помош, лековите и медицинската опрема кои се на располагање се доволни само за петтина од повредените во земјотресот.