Насилни протести пред хотел со азиланти во Ливерпул
Протест пред хотел со азиланти во северозападна Англија. Демонстрантите се судрија со полицијата. Тројца се упасени во близина на Ливерпул...

Протест пред хотел со азиланти во северозападна Англија. Демонстрантите се судрија со полицијата. Тројца се упасени во близина на Ливерпул.
Локалните власти соопштија дека протестот бил предизвикан од инцидент на социјалните медиуми. Британија прифаќа помалку баратели на азил во споредба со соседните Франција и Германија, но бројот се зголеми драстично откако стана пофреквентна рутата преку Англискиот канал.
Лани преку неа на британска територија стигнале над 45 илјади луѓе. Конзервативната влада вети дека ќе ги спречи бродовите, а опозицијата ја обвини за бесчувствителност кон оние кои бегаат од војна и сиромаштија. Во октомври беше запален прифатен центар на пристаништето во Довер од страна на симпатизер на екстремната десница.
