Прилеп

Прилепскиот суд има недостиг на судии, постои опасност од застарување на предметите

11.02.2023 10:01

Прилепскиот суд се смета дека е во најкритична состојба со неколку судии. Се натрупуваат предметите, една третина се на работ на застареност, судиите и граѓаните онеправдани. Кој да дели навремена правда? Нов тренд се фиктивните разводи...

Со шест, а наскоро само со четворица судии, прилепскиот суд е меѓу најзагрозените навреме да ја дели правдата. Една третина од предметите, и тоа кривични, може да застарат. Во неповолна ситуација се и делителите и оние кои треба да ја добијат правдата. Вака ја гледаат адвокатите состојбата во прилепското судство.

Граѓаните се недоверливи во правдата.

Годишно во Прилеп има и до 22.000 предмети, од кои околу 5.000 се наследени. Граѓанските спорови се, главно, на вечните имотно-правни односи, оставинските постапки, а се зголемува бројот на разводите. Како новина се фиктивните разводи за заминување во странство.

Прилепскиот суд е на работ да остане без делители на правдата.

 

 

 

Елизабета Митреска