Битолски спасители

Македонски спасувачи помагаат во Адијаман

11.02.2023 10:10

Во турскиот град Адијаман кој се наоѓа во пограничниот појас со Сирија до пред една недела живееја околу 400.000 жители. Денес по разорниот земјотрес потсетува на сликите од Хирошима. Деведесет посто од градот е срушен, а и останатото е разнишано. Вадиме само мртви тела рекоа во телефонскиот разговор со нашиот битолски дописник Стевче Митревски петмината битолски обучени спасители…

Петмината обучени битолски спасители Петар Нолев, Владо Николовски, Игор Радичовски, Петре Илиовски и Зоран Балуловски учествувале во многу спасувачки мисии, но оваа велат им била најтрауматичната. Градот Адијаман во кој до пред една недела живееја околу 400.000 жители деведесет посто е срушен, а и преостанатите објекти се климави. Преживеаните се евакуирани а дел од нив се враќаат да помогнат во потрагата по своите најблиски. Со зборови тешко може да се опише, сликите се апокалиптични вели во телефонската изјава за МТВ Петар Нолев.

Иако влегуваат во шестиот ден од спасувачката мисија изморените битолски хуманисти велат додека официјално потрагата по преживеани не пекинува официјално ќе се водат со девизата-„Продолжуваме сè додека постои надеж за спасување на човечки живот“. Но за жал местата каде тие делуваат носат болка.

Во големата тага сепак и една радост. Само неколку минути по телефонскиот разговор Нолев со порака информира дека тимот кој ги заменил синоќа извлекол 38 годишна преживеана жена. Спасувачката битка продолжува и денес иако секој поминат час ги намалува шансите.

 

 

 

Стевче Митревски