Политика

Ковачевски достави предлог за реконструкција на Владата до Собранието

11.02.2023 10:39

Премиерот Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со кадровските решенија...

Премиерот Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со кадровските решенија.

За министер за правда е предложен Кренар Лога, за здравство Фатмир Меџити, за министерството за информатичко општество и администрација е предложен е Азир Алиу, Каја Шукова ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Тирон Јајага ќе биде заменик во одбрана, а решенија има и за заменици во одбрана, правда, земјоделство, здравство, за образование и наука каде што ќе се сели Агим Нихиу.

Ова доаѓа откако СДСМ и Алијанса ги усогласија кадровските решенија.