Тенис - Мастерс 1000

Ѓоковиќ во Мадрид само како турист!

04.05.2014 22:11

И покрај мирувањето и терапиите, вториот светски тенисер сепак не се чувствува подготвен за да игра на највисоко ниво...

Иако постоеше можност по мастерсот во Мадрид дури да се врати на врвот на АТП листата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сепак се откажа од настапот на третиот турнир од серијата 1000 што ќе стартува утре. Причина за тоа е повредата на зглобот на десната рака поради којашто Ѓоковиќ не го одигра со максимален интензитет полуфиналето во Монте Карло против Швајцарецот Роџер Федерер.

И покрај мирувањето и терапиите, вториот светски тенисер сепак не се чувствува подготвен за да игра на највисоко ниво, па во консултации со лекарскиот тим проценил дека нема потреба да ризикува обновување на повредата. За такво нешто нема ни потреба заѕоа што популарниот Ноле ќе загуби само 10 бода бидејќи минатата година во Мадрид беше елиминиран во ворото коло од Бугаринот Григор Димитров.

Ѓоковиќ е пријавен и за настап на мастерсот во Рим што следува веднаш по турнирот во главниот шпански град, но  во моментоб во преден план му е комплетното заздравување и учество на единственеиот грен слем којшто го нема освоено Ролан Гарос, а којшто според изјавите му е меѓу најважните сезонава.

Покрај Ѓоковиќ од десте најдобри тенсиери Мадрид од слична причина ќе го прескокне и Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро. Титулата во шпанската престолнина ќе ја брани домашниот тенисер Рафал Надал кој како и и преостанатите седум главни носители е слободен во првото коло.

Како и сите турнири од оваа категорија и Мадрид Опен ќе биде пренесуван на МРТ и тоа на собранискиот сервис.