ФБИ

Нови доверливи документи во домот на Пенс

11.02.2023 11:50

ФБИ најде нови доверливи документи во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс...

ФБИ најде нови доверливи документи во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

Претресот во Индијана е дел од истрагата која се води и за актуелниот лидер на Белата куќа Бајден, како и неговиот претходник Трамп.

ФБИ заплени доверливи материјали и на нивните имоти во Делавер, Вашингтон и Флорида. Според Законот, секој документ стекнат во претседателската функција се смета за сопственост на државата и мора да му биде предаден на Државниот архив по истекот на мандатот.