Штип

Голем интерес за купување на недвижнини во Штип

12.02.2023 11:00

Расте интересот за купување недвижнини во Штип и покрај постапувањето на цените. Купувачи има од целиот источен регион, а најповеќе се бараат мали станови и големи деловни простори...

Голем е интересот за купување станови во Штип. Интерес има од целиот источен регион и најбарани се становите од 30 до 40 метри квадратни, кои достигнуваат цена од илјада евра за метар квадратен. Поголемите станови имаат цена од 600 евра за метар квадратен во стара зграда и над 800 евра во новоградбите.

Во моментот се градат шест згради во Штип, дел од становите веќе се продадени.

Изведувачите велат дека најбројни купувачи се млади брачни парови, но и иселениците кои вложуваат во недвижнини. Во агенциите доста барани се и деловните објекти, посебно поголемите. Цената најповеќе зависи од локацијата.

Познавачите сметаат дека големиот интерес за недвижнини се должи на достапноста на станбените кредити, но и заради големиот број студенти во Штип и исплатливоста од изнајмување на становите.

 

 

 

 

Славица Величковска