Граѓаните и екологистите алармираат за загаденост на воздухот во Велес
Граѓаните и екологистите велат дека во Велес воздухот е загаден, мерните инструменти на Министерството за животна средина покажале лани дека за 27 дена е намален бројот на денови со високи вредности на ПМ 10 честички …

Каков воздух дишат велешани, дилема која се поставува секоја зима. Жителите велат дека дишат загаден воздух, посебно во зимскиот период. Тие нивните ставови ги градат врз основа на здравјето и проблемите кој ги создава загадениот воздух.
Граѓанските активисти од областа на екологија се повикуваат на вредности на системот „МОЈ ВОЗДУХ“. Квалитетот на воздухот во Велес има денови со високи вредности.
Во текот на 2022 година, мерните инструменти на Животна средина, во 96 дена во Велес измериле вредности на ПМ 10 честички, повеќе од дозволените 50 мг/м3. Или секој четврти ден минатата година, воздухот во градот бил загаден. Тоа е за 27 дена помалку отколку во 2021 година, но и за 61 ден повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година. Согласно прописите тоа се 35 дена.
„Прагот на информирање за измерени последователно два дена вредности над 100 мг/м3, регистрирани се во месец во деновите 21-ви, 22-ри, 23-ти и 24-ти декември. Според известување од Министерството за животна средина Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот, има проблеми со комуникација со голем дел од мерните станици вклучувајќи ја и Велес 2, поради миграција на системите на нови сервери. Прагот за алармирање за квалитет на воздухот од 150 мг/м3 не е измерен два дена последователно за 2022 година“, соопштија од Општина Велес.
Според процените на стручните лица, загадувањето на воздухот во Велес е најчесто поради греењето, каде како енергенс се корист огревно дрво, потоа е сообраќајот а индустријата е со најмало учество во квалитетот на воздухот во градот.
Петар Печков
