ЦУК

Над 500 илјади повици на 112 за една година

11.02.2023 14:07

Повеќе од 500 илјади повици за една година регистрирани на единствениот европски број за итни повици 112. Се пријавуваат ризици, опасности и несреќи од целата територија на државата. Имало и лажни...

Успешно имплементиран проектот за единствениот европски број за итни повици 112. Проектот се надградува во од согласно потребите, преку големиот ангажман на вработените, рече директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, кој истакна дека 112 во себе ги обединува сите телефонски броеви за итни повици.

Секој повик се прифаќа професионално, во рок од 30 секунди, а од 500.000 повици а една година, само 31,5% биле реални.

Со имплементацијата на овој проект се овозможува навремена реакција, ефикасно и соодветно интервенирање во случај на криза како и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјава.

 

 

Тања Сарандевска