Албанија

Антивладини протести во Тирана

11.02.2023 15:32

Претседателот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија Сали Бериша организира масовен протест против Владата на премиерот Еди Рама...

Силно полициско обезбедување во Тирана. Претседателот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија Сали Бериша организира масовен протест против Владата на премиерот Еди Рама.

Демонстрантите бараат негова оставка поради обвиненија за корупција и криминал. Апел за масовност упати и Партијата на слободата на Илир Мета.