Источен регион

Недостиг од домови за згрижување стари лица

11.02.2023 18:19

Во Брегалничкиот регион има само еден државен дом за стари лица. Лоциран е во Берово и згрижува само 39 лица. Изградбата на домовите за стари во Штип и Пробиштип со години е во застој, а домот во Кочани кој требаше да биде најголем, сè уште е во фаза на проект...

Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово е единствениот државен дом во источниот регион со капацитет за само 39 лица и со листа на чекање долга 130 кандидати. Се работи за објект кој пред седум години беше руина, но сега со странски донации и буџетски средства е обновен и со план за нова доградба и проширување на капацитетот.

Потребата од државни Домови за стари лица е голема, голем е бројот на стари кои остануваат сами и немоќни. Проблемот регионално требаше да го ублажи изградбата на дом за стари во Кочани кој беше планиран за 150 лица, но проектот тапка во место седум години. Домот во Штип, планиран за 120 лица стои со години изграден до карабина и административно заглавен во Министерството за транспорт и врски. Во прекин е градбата и на Домот за стари во Пробиштип.

Освен државниот во Берово, во регионот работат и неколку приватни домови за стари лица, но со значително повисоки цени од државните и недостапни за најголемиот дел од пензионерите.

 

 

 

Славица Величковска