Временска прогноза
Облачно со локален снег на планините
12.02.2023 08:41
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините...

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините.
Од УХМР велат дека во текот на денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од-9 до-2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за појава на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до-5, а максималната ќе достигне до 5 степени.
