Турција-Сирија

Над 28 илјади настрадани во земјотресот

12.02.2023 10:09

Турските безбедносни тимови уапсија стотина лица осомничени за ограбување оштетени згради по силните земјотреси...

Турските безбедносни тимови уапсија стотина лица осомничени за ограбување оштетени згради по силните земјотреси.

Во Хатај се приведени и лица кои се претставувале како хуманитарни работници и се обиделе да ограбат камиони со храна наменети за помош.

Во истанбулската област Бејкоз е уапсена група од шестмина осомничени за телефонска измама на лице кое го преживеало потресот во јужен Газиантеп.

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 28 илјади. Владата во Анкара добива помош од сите делови од светот, додека соседна Сирија ја доби првата пратка од ЕУ. За достава се отвори прв пат по 35 години и граничниот премин со Ерменија.