Украина

Бахмут и натаму меѓу најразгорените точки на фронтот

12.02.2023 10:09

Москва тврди дека пред два дена, силите под нејзина команда извршиле масовен напад врз енергетските структури на противникот...

Бахмут и натаму меѓу најразгорените точки на фронтот во Украина. „Членство во НАТО по победата над Русија“ – изјави владата во Киев.

Москва тврди дека пред два дена, силите под нејзина команда извршиле масовен напад врз енергетските структури на противникот.

Двете страни со спротивставени ставови околу дијалогот за мировно решение. Украина не гледа простор за ваков процес, а Русија изрази подготвеност за безусловни преговори. Војната тема и на Самитот во Полска кој се одржува околу годишнината од стартот на инвазијата.