Канада
Соборен е неидентификуван објект над северниот дел на Канада
12.02.2023 10:10
По наредба на канадскиот премиер Трудо, американски воен авион соборил неидентификуван објект над северниот дел на земјата...

По наредба на канадскиот премиер Трудо, американски воен авион соборил неидентификуван објект над северниот дел на земјата.
Северноамериканската воздушна одбранбена команда НОРАД не даде дополнителни информации за потеклото и намената на леталото. Тоа е трет ваков инцидент во регионот во последните две недели.
Првиот беше кај Јужна Каролина каде што беше соборен кинески балон за кој Вашингтон тврди дека бил шпионски, а Пекинг-цивилен. Војската на САД во петокот собори летечки објект над Алјаска.
