Аргентина
Аргентина погодена од топлотен бран
12.02.2023 10:11
Аргентина се бори со осмиот топлотен бран од почетокот на летото на јужната хемисфера...

Аргентина се бори со осмиот топлотен бран од почетокот на летото на јужната хемисфера. Во девет покраини на северниот и централниот дел на земјата се издадени предупредувања за екстремни температурни вредности какви што не биле измерени во последните шест децении.
На југот во Патагонија се регистрирани и над 40 целзиусови степени.
Според научниците, зачестените топлотни бранови се последица на климатските промени.
