Пет лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Битола- Прилеп
Пет лица го загубија животот, а две лица се борат за живот во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 21 часот и 30 минути, на регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Лознани.

Двете лица кои се во тешка здравствена состојба се на лекување во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола.
Утрово од СВР-Битола информираа дека во сообраќајката учествувале две патнички возила од Крушево и Скопје, а веднаш по несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, истражен судија, и други стручни лица за утврдување за причините за несреќата.
Сообраќајот на регионалениот патен правец Битола- Прилеп повеќе од пет часа беше пренасочуван по стариот пат во овој дел на Пелагонија, а нешто по еден часот по полноќ и нормализиран за сообраќај, потврдија од СВР-Битола од каде најавија соопштување на повеќе детали за синоќешната сообраќајка во текот на денов.
