Преполовени уписите на пензионери за огревно дрво
Поради неодговорниот однос на дел од операторите огревно дрво пелагониските пензионери добиваа до пред една недела наместо испораката да финишира до крајот на ланскиот септември. По средбата со директорот на „Македонски Шуми“, битолскиот Сојуз на пензионери ја повлече донесената одлука да не се врши упис за следнава зима, но и за околу 50 посто уписот велат ќе биде помал. Ако лани на операторите средствата во целост им се префрлаа предвреме годинава ќе добијат авансно 10 посто, а остатокот по доставата...

Одамна воспоставената пракса пелагониските пензионери на рати преку својот сојуз да набавуваат огревно дрва годинава доживува сериозен потрес по неодговорниот однос на дел од операторите.
Иако првичната одлука донесена на Собранието годинава да не се врши упис за огревно дрво Сојузот на пензионери ја повлече по состанокот со директорот на „Македонски Шуми“. Ставот дека тој ќе биде во однос на лани помал за околу 40 посто создава несигурност кај граѓаните.
Од Сојузот на пензионери велат дека не можат де се опорават од стресот и срамот што им го нанесоа несовесните оператори кој средствата во целост предвреме ги добија како резултат на економската и енергетската криза. Претседателката Петличкова вели советодавна помош побарале и од државното шумско претпријатие, а и самите ние ќе воведеме заштитни законски договорни акти.
Останатите количини на огревно дрво граѓаните ќе мора да ги набавуваат по други канали, а за која цена ќе се знае за кратко. Шпекулациите велат дека оние кој веќе нарачуваат кај приватниците добиваат цена од четири и пол до пет илјади денари за просторен метар.
Стевче Митревски
