Почнуваат обуките за бизнис претприемништво „Лидер 2014“
Целта е македонските претприемачи и менаџери да ги усовршат своите бизнис и претприемнички вештини по теркот на познатите методи на „Ричард Ајви“...

Сојузот на стопански комори (ССК) во соработка со Македонија 2025 и Бизнис школото „Ричард Ајви“ од Торонто, Канада, организира ексклузивни обуки по бизнис и претприемништво во рамки на „Лидер“ проектот.
Целта е македонските претприемачи и менаџери да ги усовршат своите бизнис и претприемнички вештини по теркот на познатите методи на „Ричард Ајви“.
За време на обуките кои почнуваат денеска и ќе траат до 16 мај, учесниците, преку реални примери и вежби ќе се запознат со корисни алатки, шеми и процеси на стратегиско размислување.
Како што велат организаторите, значително ќе ги усовршат своите познавања во делот на стратегиско планирање и одлучување, подготовка на конкретни бизнис и маркетинг планови, анализи, финансиски текови.
