Одлука

Утрешниот ден прогласен за Ден на жалост

12.02.2023 17:45

Владата го прогласи утрешниот ден (13 февруари) за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија, соопшти премиерот Димитар Ковачевски...

Владата го прогласи утрешниот ден (13 февруари) за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

„Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сè“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Над 33.000 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија.