Заштита на приватноста во телекомуникациите

05.05.2014 09:42

Денеска и утре се одржува 55-от состанок на Меѓународната работна група за заштита на личните податоци во телекомуникацискиот сектор а на интернет сервисите во јавната администрација и приватните компании, следење на електронската комуникација и Заштита на приватноста на социјалните мрежи се само дел од темите.

Посветен е на најновите достигнувања во областа, но и на предизвикот за воспоставување баланс меѓу напредокот на технологијата и правната регулатива за заштита на приватноста а предвидено е учество на 40 домашни и странски експерти.

На отворањето ќе зборуваат директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеорѓиевски и поранешниот федерален комесар за заштита на личните податоци и слобода на информирање Питер Шар.